Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
Текстот Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина е превземен од МАКФАКС.