Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека има намера да постигне фер договори за сите, откако објави тримесечна пауза на сите т.н. реципрочни царини, со исклучок на Кина.
Претходно денес, американскиот министер за финансии рече дека одлуката на Трамп да ги паузира царините ќе даде време за преговори за нови трговски договори.
„Ќе се направи договор со Кина. Ќе се направи договор со секој од нив, и тие ќе бидат фер договори. Јас само сакам фер. Ќе бидат фер договори за сите. Но тие не беа фер за САД,“ рече тој пред новинарите пред Белата куќа, пренесува „Си-ен-ен“.
Трамп објави дека ги зголемува царинските стапки за Кина на 125 отсто, откако Пекинг денес најави дополнителни царини како одговор.
Трамп тврдеше дека луѓето ја искористуваат нивната земја и ги крадат со децении, иако не прецизираше за кои земји зборува.