Пеп Гвардиола минува низ најтешката сезона во својата импресивна тренерска кариера. Кошмарот продолжи со елиминацијата на Манчестер сити од Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

Во реваншот од баражот за осминафиналето на елитното натпреварување „кралевите“ победија со 3:1, го добија двомечот со 6:3.

„Не треба да се биде многу памент за да се разбере дека на овој тим му треба реконструкција. Манчестер сити беше феноменален тим, игравме фантастичен фудбал, но тоа веќе не е така. Ништо не трае вечно и ова мораше да се случи во одреден момент. Реал беше подобриот тим и заслужено успеа да победи”, изјави Гвардиола по натпреварот во шпанската престолнина и додаде:

„Ќе седнеме и ќе размислиме што да правиме понатаму. Сега сме фокусирани на домашните обврски, иако е јасно дека шансите за освојување на Премиер лигата се минимални, па дури и непостоечки, а ќе видиме што ќе се случи во ФА Купот“.

Веднаш, педантните статистичари објавија неколку податоци кои му се случија на Гвардиола за прв пат во кариерата.

Пред се, првпат во 16 настапи во Лигата на шампионите неговиот тим не се пласира во осминафиналето.

На крајот, Карло Анчелоти стана негов кошмар, бидејќи стана првиот тренер кој четири пати го исфрлил Гвардиола од Лигата на шампионите.

Претходните три пати тоа се случи во полуфиналето во 2014 и 2022 година, а потоа и во четвртфиналето во 2024 година.

Текстот Трае кошмарот на Гвардиола и Манчестер сити е превземен од МАКФАКС.