Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место.
Во Хрватска, во шумско подрачје близу Крижевци, 54-годишен маж бил смртно нападнат од стршлени, соопшти полицијата од Копривничко-крижевечката жупанија.
Вчера, додека сечел дрва за огрев, мажот бил нападнат од стршлени, по што му се слошило, јавува Хина.
И покрај тоа што брзо му била укажана лекарска помош, мажот починал на самото место
Текстот Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев е превземен од МАКФАКС.