53-годишен работник починал кога врз него се срушила голема количина камења во каменолом во подножјето на планината Гоча во централна Србија, јавува Блиц.

Службите за итни случаи, кои биле на местото на несреќата, изјавиле дека можат само да ја потврдат неговата смрт.

Вчера, по речиси осум часа, екипи на специјален тим од Дирекцијата за вонредни ситуации во Крагуевац успеаја да го извлечат телото на работникот.

Во спасувачката акција во каменоломот во Краљево – Гоча, според Блиц, учествуваше и специјализиран тим за урнатини од Дирекцијата за вонредни ситуации во Крагуевац.

Каменоломот во населбата Каменица, во подножјето на Гоча, е во приватна сопственост.

Текстот Трагедија во Србија: работник затрупан во каменолом, извлекувањето на телото траеше осум часа е превземен од МАКФАКС.