Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ ја почнаа заедничката превентивна кампања „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце. Министерот Тошковски потенцираше дека оваа заедничка кампања е значајна за унапредување на полициската соработка меѓу двете пријателски земји. Министрите ги повторија заложбите за поедноставен процес и пократко задржување на граница, НО НЕ ОДГОВОРИЈА зошто не функционира едношатерскиот систем и кога би се дигитализирале граничните премини. Патниците кои напладне се најдоа на граница, не чекаа повеќе од 15-тина минути. Но, се надеваат дека набрзо уште поедноставно ќе биде минувањето на границата.

Прикажи повеќе