Точно напладне, од бродот „Армада“ се огласи сирената, проследена со композиции од Тоше Проески. Ниту по 14 години од кобната несреќа, Охрид не го заборава големиот музички македонски великан. Музиката на Тоше одекна и од охридската гимназија. Иницијативата за оддавање почит на Тоше на овој начин, втора година по ред е од Лајанс клубот „Лихнидос“.
Најголемата музичка ѕвезда загина пред 14 години во сообраќајна несреќа на автопат кај Нова Градишка, Хрватска. Тоше Проески не возел туку бил на совозачкото седиште. Тоше бил во Хрватска за да гостува на телевизиско шоу и да снима спот. Загина на 26 годишна возраст.
Превземено од Охридњус