Франческо Тоти (48), легендарниот капитен на Рома, во подкастот на „Viva El Futbol“, чиј домаќини беа поранешните играчи од Серија А, Антонио Касано, Леле Адани и Никола Вентола, Тоти изнесе интересни ставови.
И покрај можноста да се пресели во Реал Мадрид во 2004 година, Тоти никогаш не зажали што и остана верен на Рома во текот на неговата кариера.
„Никогаш не размислував да играм за друг клуб. Едноставно не имало никаква логика“, рече Тоти, потсетувајќи дека само тој и Паоло Малдини оминале 25 години во ист клуб.
Споредувајќи ја неговата со кариерата на Меси, Тоти размислуваше за условите во Рома:
„Дали навистина верувате дека Меси ќе ги освоеше сите тие Златни топки ако играше 25 години во тим со играчи како Гомез или Пивот?“
Тоти го пофали и Пауло Дибала, кого го смета за еден од најдобрите играчи на денешницата.
„Дибала е играчот кој најмногу ме потсетува на Тоти. Тешко ми е да најдам некој сличен на него во Серија А”, изјави освојувачот на Светското првенство во 2006 година. Тој додаде дека Дибала поседува редок талент:
„Тој е вистински гениј, не само во Италија. Во мое време имаше многу играчи од неговата класа, денес има можеби пет или шест во светот. Еден од нив е Ламине Јамал”.
„Принцот на Рим“, истакна дека Дибала моментално игра на врвно ниво: „Постојано се истакнува и никогаш не попушта. Во Серија А е најдобар, но во Италија генерално има премалку играчи со таков квалитет“.
Тоти се повлече од професионалниот фудбал на 28. мај 2017 година, откако го одигра последниот меч за Рома против Џенова. Играше под водство на дури 17 тренери, а кариерата ја заврши со 786 настапи за клубот.
Текстот Тоти: Дали мислите дека Меси би освоил толку многу „Златни топки“ ако играше за Рома 25 години? е превземен од МАКФАКС.