Лондонски Тотенхем се соочува со огромен предизвик поради големиот број на фудбалери заразени со коронавирус.
Според најновите информации, мечот кој англискиот тим го игра в четврток со екипата на Рен во рамките на последното коло од групната фаза во Конференциската лига, нема да биде одложен.

На последниот тест позитивни беа Бен Дејвис, Кристијан Ромеро, Лукаш Моура и Хеунг Мин Сон, додека од минатата недела се заразени Емерсон Ројал и Брајан Хил. Не е исклучено до мечот да се појави и уште некој играч заразен со Ковид-19.