Палестинското Министерство за здравство објави дека индонезиската болница, последната функционална болница на северот на Појасот Газа, „од денеска повеќе не дава никакви услуги за пациентите или ранетите“.

На север од енклавата има три јавни болници, вклучувајќи ги и индонезиската болница Камал Адван и Беит Ханун, од кои ниту една повеќе не е функционална поради израелската офанзива, се вели во соопштението што го пренесе Ал Џезира.

Израелската армија минатата недела изврши рација во болницата Камал Адван, нареди евакуација на персоналот и пациентите и ја запали зградата на болницата.

Најмалку 41 лице загина денеска во израелски напади врз Појасот Газа, од кои 27 лица беа убиени во опколениот север од енклавата, изјавија за „WAFA“ палестински медицински претставници.

Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека Израел извршил повеќе од 30 напади врз цивили во енклавата од утринава.

Од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, според Министерството за здравство во енклавата, загинале најмалку 45.717 Палестинци, а 108.856 биле ранети.

Текстот Тотален хаос во Газа поради израелските напади, сите болници не работат е превземен од МАКФАКС.