Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта. Освен готовите препарати на железо, значајна улога во постигнување нормално ниво на железо, има и адекватната исхрана. Затоа, дознајте кои намирници се богати со железо.Сусамот е уште една здрава намирница која изобилува со железо. Освен тоа, сусамот е богат со цинк, бакар, витамин Е, магнезиум и фосфор.Леќата е одличен извор на железо, а освен тоа е богата и со растителни влакна, што значи дека по оброкот ќе бидете сити подолго време. Дополнително, леќата помага за намалување на холестеролот и за регулирање на шеќерот во крвта.Семките од тиква се идеални за на вашето тело му ги обезбедите потребите минерали. Покрај со железо, тие се богати со манган, магнезиум, фосфор и цинк. Семките од тиква го подобруваат имунитетот и благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, го штитат организмот од канцерогени промени. Затоа, вклучете ги во вашата секојдневна исхрана.Тофуто кое е направено од соја, е фантастичен извор на протеини, железо и калциум. Освен тоа, тофуто има ниско ниво на холестерол, а содржи и витамини Б и К, тиамин, рибофлавин, омега-3 масни киселини, магнезиум и селен.
Благодарение на нутритивните состојки, оваа намирница покрај при железо дефицитна анемија, помага при превенција на кардиоваскуларни болести, рак на дојка, дијабетес и остеопороза.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.