Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.

Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.

Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.

Текстот Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина е превземен од МАКФАКС.