Скопскиот кошаркарски тим Работнички остро ги демантираше шпекулациите на дел од медиумите дека ќе се раздели со предводниците на екипата, Тони Симиќ и Ѓорѓи Чековски.
„Имајќи ги предвид тековните активности со формирањето на комисиите во новиот Совет на Општина Центар и смената на општинските раководства, Ве известуваме дека сите тековни проблеми, особено оние поврзани со неисплатените плати на играчите, наскоро ќе бидат надминати.
Апелираме до спортските медиуми и новинари, да ги проверуваат информациите, да се повикуваат на релевантни извори и да не подлегнуваат на лаги и манипулации креирани само и единствено да нанесат штета на еден од најпознатите македонски кошаркарски брендови.
Ве известуваме дека стручниот штаб на КК Работнички, предводен од двете легенди на македонската кошарка, Тони Симиќ и Ѓорѓи Чековски, остануваат да го водат клубот и имаат целосна поддршка како од раководството на Работнички, така и од Општина Центар“, соопштија од Работнички.