Повлекувањето на американската бригада од Романија не значи „повлекување“ од европскиот континент, објави денес американската армија.
„Ова не е повлекување на САД од Европа, ниту е знак за намалена посветеност на НАТО и Член 5, кој предвидува дека секоја од 32-те земји на Алијансата мора да ѝ помогне на земја-членка во случај на напад“, нагласи американската војска во соопштение од нејзиното европско седиште.
„Напротив, тоа е позитивен знак за зголемени капацитети и одговорности во Европа“, соопшти американската војска.
Армијата појасни дека Втората борбена пешадиска бригада на 101-та воздушно-десантна дивизија, со седиште во Романија, ќе се врати во своето седиште во Кентаки и нема да биде заменета.
Во соопштението не е наведено колку војници биле вклучени, но бригадата обично брои помеѓу 3.000 и 5.000.
Романските власти објавија дека 1.000 војници ќе останат стационирани по прераспоредувањето.
Фото: принтскрин
Текстот „Тоа не е повлекување на САД од Европа“: Американската војска за намалување на силите е превземен од МАКФАКС.























