Тоа е Русија: Ѕверско мачење и погубување на воените затвореници, спротивно на сите правни и човечки принципи

„Русите егзекутираа 61 украински воен затвореник. Сите украински војници беа мачени во затвор на Русија,“ изјави главниот јавен обвинител на Украина, Андриј Костин, потврдуваат украински извори за ЦИВИЛ.

На фотографиите е Горилик Роман, виш контролор за безбедност на контролниот пункт во нуклеарната централа Чернобил, кој беше заробен на почетокот на целосната воена агресија, а беше дел од размената на воените заробеници пред пет дена.

Неговата состојба е многу тешка и сведочи за тешко кршење на меѓународното право, пред сѐ, на Женевските конвенции, како и на сите морални и човечки принципи.

Џ. Д.