Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хеорхи Тихиј, ја коментираше информацијата во Билд, која е поврзана со сценаријата за развојот на војната. Според него, Украина нема да се согласи на „замрзнување“ на војната.
Како што истакна портпаролот, изворот кој информира за ова не знае за планот на претседателот Зеленски:
„Елементите на планот што претседателот ќе им ги претстави на САД несомнено ќе ја зајакнат, а не ќе ја ослабат Украина и нејзините војници“, изјави Тихиј.
Во текстот „Зеленски: Украина има само уште една шанса“, новинарот на германски „Билд“ пишува за меѓународната конференција за европски стратегии што се одржува во Кијив, но во текстот наведува „извори на Билд“ според кои украинскиот претседател ќе презентира, меѓу другото, план за привремено замрзнување на ситуацијата.
„За таа цел, Зеленски ќе отпатува во Соединетите држави во следните неколку недели и ќе ја претстави својата стратегија на американскиот претседател Џо Бајден, како и на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп. Според информациите на БИЛД, ова го вклучува и барањето да ѝ се дозволи на земјата да користи западно оружје со долг дострел длабоко во Русија и подготвеноста на Украина да прифати локални примирја на одредени делови од фронтот – а со тоа и привремено замрзнување на ситуацијата“, пишува „Билд“.
Министерството за надворешни работи на Украина категорично ги отфрли овие тврдења.
Подготви: Џ. Д.