Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Фолкер Тирк, изјави дека е „згрозен од ужасните настани што во изминатите 48 часа се случија во Газа“.
„Убиството на толку многу лица во училиштата што се претворени во засолништа, покрај бегството на стотици лица од болницата Ал-Шифа, како и раселувањето во јужниот дел на Газа, се целосно спротивни со заштитата на цивилите што ја бара меѓународното право“, изјави Тирк на социјалната мрежа Х.
Appalled by horrendous events of past 48hrs in #Gaza.
Killings of so many in schools-turned-shelters, amid fleeing of hundreds from Al-Shifa Hospital & ongoing displacement in southern Gaza, wholly inconsistent with protection of civilians required under international law.
— Volker Türk (@volker_turk) November 19, 2023
Во видео пораката тој кажа дека „ова мора да престане“ и дека треба да се воспостави прекин на огнот „врз основа на хуманитарни и човекови права“.