Во грчкиот град Катерини, малолетник од Полска е уапсен и обвинет за брутално убиство кое наводно го извршил во својата земја.

Станува збор за 17-годишен тинејџер, кој дошол на организирана екскурзија во Грција неколку дена по злосторството. Уапсеното лице е обвинето за убиство на жена на 23 април во град во североисточна Полска.

Според кривичната пријава, седумнаесетгодишникот наводно ја влечел жената до работилница, каде што ја удрил неколку пати со секира или чекан. Тој е обвинет и дека ја запалил така што истурил непозната хемиска супстанца врз нејзиното тело, а потоа го фрлил телото во пластична корпа за ѓубре, според медиумите во регионот.

Тинејџерот бил идентификуван од полските власти и по него била издадена потерница, која била извршена во Грција кога бил пронајден.

Се очекува обвинетиот да биде изведен пред Обвинителството на Апелациониот суд во Солун за да се започне постапката по барањето за екстрадиција од Полска, според написите.

Текстот Тинејџер од Полска убил и запалил жена, па отишол на екскурзија во Грција е превземен од МАКФАКС.