„Те сакам“, кратка и едноставна реченица, но воедно и моќна.
Не можеме сите толку лесно да ја изговориме, но мора да признаеме дека сите сакаме да ја слушнеме. Во продолжение проверете на кои хороскопски знаци им е најтешко тоа да го изговорат.
1. Близнаци
На овој знак му треба многу време да се препушти во нова врска, а особено отворено да зборува за своите чувства. Тие се многу љубопитни и често се препуштаат на размислувањата за тоа дали за нив постои некој подобар и поради тоа потешко влегуваат во сериозни врски. Близнаците „те сакам“ изговараат само тогаш кога ќе сфатат колку личноста која е покрај нив всушност им значи.
2. Девица
Припадниците на овој знак во себе носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучувајќи ја и нивната љубовна врска. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства. Доколку почувствуваат дека нешто во нивниот однос не е како што треба, ќе се воздржат од изјавување љубов додека сè не биде онака како што мислат дека треба да биде.
3. Шкорпија
Шкорпиите не сакаат промени и преферираат долги врски. За нив важи правилото дека покрај партнерот треба да останат и во добро и во зло. Меѓутоа, иако се предадени на љубовниот однос од самиот почеток, тие „те сакам“ ќе изговорат дури кога ќе бидат сто отсто сигурни дека врската е сериозна затоа што не сакаат пред време да покажуваат ранливост или пак да бидат повредени.