Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во с.Дебреше, гостиварско, патничко возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(18) од с.Врапчиште, гостиварско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Текстот Тешко повреден 18-годишник: со возилото излетал од патот кај Гостивар е превземен од МАКФАКС.