Вчера во 09 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.Е. врз Р.Ч.(34), двајцата од Охрид.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Тешко повреден охриѓанец, го исепал сограѓанин е превземен од МАКФАКС.