Вчера во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(38) од Скопје и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Г.(51) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Тешко повреден мотоциклист од Скопје е превземен од МАКФАКС.