Вчера во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, кај село Џепчиште, тетовско, 57-годишниот Р.Р.Р. од село Шемшево, тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Текстот Тешко повреден маж од Тетовско: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и излетал од коловозот е превземен од МАКФАКС.