Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Текстот Тешко повреден велосипедист од Радовиш, бил удрен од „мерцедес“ е превземен од МАКФАКС.