На регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово. В

о несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид.

Текстот Тешко повредено лице од Косово во сообраќајка кај Градско е превземен од МАКФАКС.