Двајца пешаци се здбоиле со тешки повреди во две сообраќајни несреќи на иста улица во Тетово откако во нив удриле мотоцикл и електричен тротинет.

Вчера околу 16.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, тетовско, удрил во пешакот Ф.Б.(67) од с.Стримница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Истиот ден околу 14.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од ул.„121“ и бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот Е.М.(53) од с.Добарце, тетовско, по што лицето кое го управувало го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.