Терористички напад во Московската област: Реакција од Украина
  • Невозможно е да не се сочувствува со жртвите на терористичкиот напад, но не може да се сочувствува со режимот кој дозволи или дури и организираше крвав масакр
  • Одговорноста за терористичкиот напад во Москва е целосно на режимот на Путин

ОЛЕГ УСАТЕНКО

Западните специјални служби предупредуваа на можни терористички напади. Руските власти јавно ги отфрлаа овие предупредувања.

ФСБ веќе организираше терористички напади за постигнување на политичките цели на Путин.

За режимот на Путин е карактеристично непочитувањето кон човековиот живот. Вклучително и до животите на Русите.

Русија го користеше и го користи светскиот тероризам во свои интереси

РФ одржува блиски односи со талибанците. Всушност, Кремљ е еден од клучните поддржувачи на талибанците.

Руските платеници се активно вклучени во конфликти во Африка. Вклучително на страната на терористичките организации.

Путин секојдневно убива Украинци со ракетни напади врз украинските градови

Теророт против Украина продолжува. На ова не може да се замижува. Да се остане фокусиран е навистина важно.

Терористичкиот напад во Московската област нагласи дека Путин ќе ги убива Русите на ист начин како што ги убива Украинците, доколку смета дека тоа е потребно.

Русија е еден од столбовите на светскиот тероризам. Теророт е инструмент на Путин. Ова треба да се памети дури тогаш кога Русите стануваат жртви на терор.

Теророт мора да се запре. Но, теророт ќе биде запрен само тогаш кога Путин ќе биде запрен

Русите, ако им се верува на изборните резултати, го поддржуваат Путин. Путин, ако се погледнат фактите, Русите ги гледа како алатка за себе.

Населението на Русија мора да разбере каква цена плаќа за амбициите на нејзиниот владетел.

Ако Путин остане на власт, трагедиите како Крокус Сити Хол ќе продолжуваат.

Украина остро ја осудува секоја терористичка активност. И онаа што ја спроведува Путин против Украина, и онаа што ја спроведуваат терористи во интерес на Путин или во интерес на противниците на Путин.

Што и да каже руската пропаганда, Украина не е вклучена во терористички напади во РФ.

Украина инсистира: Путин е терорист кој постојано организира терористички напади в РФ и две години води терористичка војна против Украина.

Светот мора да се обедини против тероризмот. Но, светот не треба да дозволи главниот терорист – Путин – да се залажува себеси.

Осудата на теророт не треба да се претвори во поддршка на терористот.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.