Борусија Дортмунд ремизираше во 30. коло во Бундеслигата на гостувањето кај Бохум и ја пропушти шансата, на четири кола пред крајот на првенстото да го направи клучниот чекор на патот до шампионската титула, која во Дортмунд се чека 10 години.
Дуелот против давеникот Бохум заврши 1.1, а од таборот на Борусија сметаат дека судијата Саша Стегеман не им дозволил да победат. Тренерот Един Терзиќ смета дека неговиот тим е тешко оштетен. Вистинска мистерија е како во 65. минута не беше досуден пенал за гостите откако левиот бек Данило Соареш го собори Карим Адееми.
„Од наша гледна точка, имаше најмалку три спортни ситуации, денес тие беа многу несреќни за нас. Дури и кога примивме гол, долга топка, Емре Џан беше фаулиран претходно,” изјави Терзиќ за ДАЗН по натпреварот.
Бохум поведе по пет минути со атрактивен гол на Лусил, но Карим Адејеми израмни во следниот напад. Во преостанатиот дел од натпреварот Борусија апсолутно ги надигра домаќините, Мануел Риман одлично бранеа, но доколку судиите не згрешеа резултатот ќе беше поинаков.
„Првото барање беше „погледнете ја спорната ситуација, ве молам… И тоа беше одбиено. А потоа два пенали, чисти… На целиот судиски тим му кажав што мислам за тие одлуки и колку е во прашање. Го замолив судијата повторно да ги погледне ситуациите. Тој рече дека нема да го направи тоа. Ги почитувам судиите, но не разбирам како не беа разгледани ситуациите. Не можам да ги прифатам овие одлуки“, изјави Един Терзиќ по натпревар.
„Имаше најмалку три клучни детали – ситуацијата на примениот гол и два пенали. Емре Џан беше турнат одзади кога примивме гол, а потоа два пенали. Според мене беа чисти, но не ви треба да ти кажам што било. Јас лично му кажав на судијата што имав“, изјави Терзиќ.
Баерн денеска, доколку ја победи Херта, ќе се врати на првото место на табелата.