Две лица физички нападнале фудбалер од клубот „Карбинци“ во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04 јуни во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК „Карбинци“.
Текстот Тепачка во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница, нападнат фудбалер на „Карбинци“ е превземен од МАКФАКС.