Ерик Тен Хаг добро го наплати отказот што му го врачи Манчестер јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“, покрај Тен Хаг ги обесштети и неговите помошници, како и спортскиот директор Ден Ешворт.

Манчестер јунајтед е навистина очаен оваа сезона, а ниту промената на тренерот не ги подобри резултатите. „Црвените ѓаволи“ во моментов се на 15. место на табелата во Премиер лигата, со само 29 бодови.

Навивачите на клубот од „Олд Трафорд“ веруваа дека проблемот е Ерик Тен Хаг, а неговиот отказ скапо го чинеше Јунајтед.

И воопшто не е тајна колкава сума исплати клубот. Манчестер јунајтед мораше да плати вкупно 17,5 милиони евра на сите горенаведени лица.

Поточно, Јунајтед исплати 12,5 милиони евра за заминувањето на Тен Хаг и неговите помошници, како и пет милиони за заминувањето на спортски директор. Инаку, вкупните загуби за овој квартал изнесуваат 33,4 милиони евра.

Холандскиот стручњак доби отказ во октомври минатата година, само неколку месеци откако го продолжи договорот до 2026 година. Тогаш Манчестер беше 14.на табелата, а во меѓувреме дури и се лизна за едно место под команда на Рубен Аморим.

На „Олд Трафорд“ решија да заштедат пари на други начини, па отпуштија околу 200 вработени, ги зголемија цените на билетите, а го откажаа и договорот на легендарниот менаџер Алекс Фергусон кој годишно изнесуваше 2,4 милиони евра.

Текстот Тен Хаг го наплати отказот што му го врачи Манчестер јунајтед е превземен од МАКФАКС.