Фото/ kfsm.mk

Кошаркарската репрезентација на Македонија остана без шанси да се пласира на Европското првенство кое во септември ќе се одржи во Кипар, Финска, Латвија и Полска.

Вечерва во Талин, Естонија ја порази Македонија со 84:65 (22:17, 16:22, 20:11, 26:15). Естонија со оваа победа си обезбеди место на Европското првенство.

Настрана домаќинското судење, но мора да се приснае дека репрезентацијата на Македонија нема квалитет за да настапи на континеталниот шампионат. Во Талин, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс го испорачаа своето, но помош добија само од Маслинко. Овие тројца беа двоцифрени, а уште само тројца успеаја да постигнат поени(Робев, Магдевски, Евремовски) се дофинишот кога два коша постигна Ѓуровски, а еден Крстевски.

Македонија играше добро во првото полувреме и покрај тоа што евидентни беа проблемите под кошот, Во ниту еден момент Македонија немаше контрола во скок играта.

Димитријевиќ и Шортс испорачаа по 13 поени во првиот дел, а Македонија имаше предност 39:38.

Третата четвртина практично го реши победникот, Македонија постигна само 11 поени, а Естонија четвртината ја доби со девет поени.

Во последната четвртина, Естонците по три минути игра прв пат стекнаа двоцифрена предност и до крајот само ја зголемуваа разликата.

Шортс забележа 21 поен, три скока и шест асистенции, Димитријевиќ постигна поен помалку имаше и четири скока и три асистенции, а Маслинко натпреварот го заврши со 15 поени и седум скока.

Неуспешниот квалификациски циклус Македонија ќе го заврши в понеделник во Скопје против Полска.

Текстот Тежок пораз во Талин, Македонија нема да игра на ЕП е превземен од МАКФАКС.