Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли наводите изнесени во електронското издание на британскиот весник, „Тајмс“, дека во Албанија ќе се гради бегалски камп за мигранти од Велика Британија.
Advertisements
„Албанија никогаш нема да биде земја во која богатите земји прават кампови за своите бегалци. Никогаш“, напиша Рама во изјавата, пренесе „ABCnews.al“
Реакцијата на Рама следува откако „Тајмс“ објави дека британската и албанската влада водат тајни преговори за трансфер на бегалци од Велика Британија во Албанија.