Американскиот претседател Џо Бајден, наводно, побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да бидат минимизирани цивилните жртви за време на интервенцијата во Појасот Газа, додека Израел продолжува со масовните воздушни напади и се подготвува за потенцијален упад во областа како одговор на терористичкиот напад на Хамас, објави Тајмс оф Израел.
Бајден ја понуди својата целосна поддршка за Израел во јавното обраќање во вторникот, кое беше широко поздравено во Тел Авив, но очигледно постигна релативно поурамнотежен тон во телефонскиот разговор со Нетанјаху истиот ден, наведува израелскиот портал.
Американскиот претседател беше подиректен отколку во претходните повици дека израелската војска треба да избегнува цивилни жртви, јави Ен-Би-Си, повикувајќи се на двајца американски претставници.