Манчестер сити не се откажува од фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго. Медиумите на Принејскиот полуостров трврдат дека клубот започнал преговори со луѓето блиски до крилниот напаѓач.
Бразилецот повеќепати јавно изјави дека сака да остане во Реал, но тоа не ги спречи Манчестер сити и Ливерпул да продолжат да покажуваат интерес. Родриго наводно ја одбил понудата на Сити минатото лето. Сето ова не го обесхрабри клубот.
Пеп Гвардиола е голем фан на Родриго, а Сити планира голем ремонт на тимот ова лето, Кевин Де Брујне и Бернардо Силва со голема веројатност ќе го напуштат клубот. Според тврдењата на некои шпански медиуми, Сити неодамна одржал состанок со таткото на Родриго.
Сити нуди поголема плата од онаа што фудбалерто ја има во Реал и слобода во играта Новинарот Едуардо Инда, тврди дека таткото на Родриго и неговиот тим негираат дека средбата се случила, но според неговите извори, средбата се случила пред две до три недели.
За време на разговорите, луѓето од понудиле две клучни работи, значително зголемување на платата и можност да игра на неговата омилена позиција, лево крило, што не е можно во Реал Мадрид.
Сето ова не значи дека 24-годишникот ќе го напушти Реал Мадрид, но ова е уште еден во низата сигнали дека тој би можел да се пресели во Премиер лигата. Останува прашањето дали Реал воопшто би бил подготвен да преговара за трансфер на играч кој постигна 13 гола и даде осум асистенции на 41 одигран натпревар оваа сезона.
Родриго е под договор до летото 2028 година. „Трансфермаркт“ го цени на 100 милиони евра.
Текстот Таткото на Родриго преговара со Манчестер сити е превземен од МАКФАКС.