Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса/Алтернатива, Арбен Таравари истакна дека победуваат со 3.000 гласови разлика.

„Со 55% од гласовите од изброени 100% од записниците поминавме во прв круг. Се надевам дека ДУИ нема во ОИК да направи ујдурма. Инаку победуваме со 3000 гласови разлика, иако целиот државен апарат беше во Гоствар со автомобили, закани, купување гласови, но народот е најсилен и тој одлучува. Им честитам на граѓаните кои излегоа и ги казнија каматашите, мафијашите. Овој пат народот во Гостивар ги победи бандите во гостиварско“, порача Таравари.