Талибанците им наредија на сите приватни образовни институции во Авганистан од денеска да престанат да обезбедуваат медицинско образование на жените, според двајца извори кои сакаа да останат анонимни, пренесува RadioFreeEurope.
Директивата на врховниот лидер на Талибанците, Мула Хаибатула Ахунџада, беше објавена вчера за време на состанокот на Министерството за јавно здравје и екстремистичката група во Кабул.
Според извори, раководителите на приватни медицински установи засегнати со оваа наредба се повикани во министерството за да бидат официјално информирани за одлуката. Како резултат на наредбата, на сите институции кои нудат обука за акушерство, стоматолошка протетика, медицински сестри и лабораториски науки им е забрането да запишат и да предаваат на студентки, велат изворите.
Според RadioFreeEurope, портпаролите на талибанците не биле веднаш достапни за коментар.
Текстот Талибанците имаат нова забрана за жени, го укинуваат медицинското образование за нив е превземен од МАКФАКС.