Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески е на мета на актуелниот освојувач на Лигата на Европа, пренесуваат португалските медиуми.

Advertisements

Талески во 2020 година се врати во Македонија каде потпиша со РК Вардар по авантурата од неколку години кои ја имаше во Бундеслигата во тимовите на Рајн Некар Левен и Балинген, македонскиот бек повторно би можел да замине во странство.

Бенфика која минатата сезона имаш историска година во која го совлада Магдебург во финалето од Лигата на Европа, годинава разочара откако прерано ја заврши својата европска авантура.

Талески и годинава е еден од најдобрите ракометари на Вардар, но македонскиот шампион и доколку ја одбрани титулата во Суперлигата, поради долговите кои ги има веројатно повторно нема да може да биде дел од Лигата на шампионите, па поради тоа одличниот бек би сакал да замине во странство./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе