Лекувањето на кралот Чарлс, кому на почетокот на оваа година му беше дијагностициран рак, ќе продолжи во 2025 година, пренесува Скај Њуз.

Извори од Бакингемската палата изјавија дека третманот на кралот „се движи во позитивна насока“, и дека „како контролирана состојба, циклусот на лекување ќе продолжи и во следната година“.

Изворите додаваат дека постои оптимизам, а тоа се гледа и од желбата на кралот Чарлс да продолжи со бројните јавни обврски, вклучувајќи ги и оние за време на празниците.

Бакингемската палата во февруари објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и дека започнува со лекување. На самиот почеток, кралот донел одлука отворено да зборува за својата дијагноза и искуство, верувајќи дека тоа може да им помогне на другите кои страдаат од оваа тешка болест.

Но, до ден денес не се знае точно од кој рак боледува, а тоа наводно се крие за да не се намали вниманието на други видови на рак и болести.

Исто така, не се открива на каков третман се подложил кралот, но се знае дека редовно одел кај приватни лекари во Лондон.

Текстот Тажни вести од Бакингемската палата: уште една тешка година пред кралот Чарлс е превземен од МАКФАКС.