Турчинката Румеиса Гелги (24), висока два метра и 15 сантиметри, е прогласена за највисока жена во светот, со што по вторпат влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Во 2014 година, Гелги беше висока два метра и 13 сантиметри, а нејзината висина на последното мерење била два метра и 15 сантиметри.
На Гелги од Карабук, во 2014 година ѝ бил дијагностициран Виверов синдром, ретко генетичко нарушување, кое се карактеризира со прекумерен раст, и тогаш ја доби титулата највисок тинејџер во светот.
Во изјава за турските медиуми, таа рече дека поднела барање за ново мерење и добивање на титулата највисока жена во светот.
-Мојата висина повторно беше измерена. Рекордот е потврден. Горда сум што по вторпат сум светска рекордерка, изјавила Гелги за турски „Анадолу“.