Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, беше суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт играч на Монца во последниот натпревар од Серија А.

„Кенан Јилдиз е суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт противнички играч додека не беше блиску до топката“, објавија официјалните лица на италијанската Серија А.

19-годишниот турски репрезентативец беше исклучен во судиското продолжение од првото полувреме во неделата поради старт врз гостинскиот играч Алесандро Бјанко.

Во тој дуел, Јувентус беше подобар со резултат од 2:0.

Јилдиз постигна шест гола за Јувентус оваа сезона, а сега ќе мора да пропушти два важни дуели во борбата за место во Лигата на шампионите.

На четири кола до крајот, Јувентус е на четвртата позиција што води во Лигата на шампионите, но има само еден бод повеќе од петтопласираната Болоња, два повеќе од римските клубови Рома и Лацио и три бода повеќе од осмопласираната Фиорентина.

Во следните две кола од Серија А, Јувентус ќе ги гостува кај директните ривали во борбата за Лигата на шампионите, Болоња и Лацио.

Текстот Суспензија и парична казна за Јилдиз е превземен од МАКФАКС.