Интер и Јувентус ќе играат во планираниот термин во рамки на Суперкупот и покрај барањето овој дуел да биде одложен.

Тимовите бараа нов термин поради ситуацијата со коронавирусот во двата табора, меѓутоа од властите посочија дека нема простор за одложување, иако и Интер и Јувентус беа сложни во намерата.

Единствена новост е што е намален капацитетот на стадионот, па наместо 75% ќе може да има 50% навивачи на трибините. Натпреварот меѓу Интер и Јувентус ќе се игра на 12 јануари на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.

.