Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар, требаше да се врати во Париз на крајот на минатата недела. Тој требаше да започне со тренинзи по летната пауза.
Според „Л’ Екип“, напаѓачот добил дозвола од клубот да го одложи враќањето и да остане во Бразил. Главната причина за тоа е играчот да се справи со неговите правни проблеми во татковината.
Нејмар е казнет со околу 3 милиони евра поради изградба на вештачко езеро на својот имот без дозвола од властите. ПСЖ му дозволи да остане уште неколку дена бидејќи првиот тим официјално започнува со тренинзи на 10 јули, кога се очекува Бразилецот да биде достапен. Минатата сезона повторно беше преполна со проблеми за Нејмар, кој беше опериран на скочниот зглоб и нема играно од февруари.