Апелациониот суд во Исламабад на 29-ти август нареди повторно судење по обвиненијата за корупција и ја укина тригодишната затворска казна за поранешниот пакистански премиер Имран Кан, објавија неговите адвокати и судски службеници.
Иако судењето ќе се повтори, пресудата на Апелациониот суд ќе му овозможи на Кан да учествува на претстојните парламентарни избори.Кан ги отфрли обвинувањата, инсистирајќи дека не прекршил никакви закони.
Судот во Исламабад, исто така, одобри кауција за Кан, но не е јасно дали тој ќе биде ослободен бидејќи се соочува со многу други обвиненија против него откако беше соборен со гласање недоверба во парламентот во април 2022 година.
Неговиот адвокат Шоаиб Шахин рече дека судот во Исламабад издал кратка усна наредба и дека писмена одлука ќе биде издадена подоцна.
Кан беше прогласен за виновен претходно овој месец за прикривање на имотот откако ги продал владините подароци што ги добил додека бил премиер.
Изборната комисија на Пакистан го дисквалификуваше Кан на период од пет години. Според пакистанскиот закон, ниту едно лице кое е осудено не може да се кандидира на избори или да има јавна функција.
Од моментот на неговото соборување, Кан тврдеше дека неговото соборување било заговор на САД, неговиот наследник Шебаз Шариф и пакистанската војска, наводи кои сите тие ги негираат.
Одржувањето на претстојните избори се отежна со најавата на изборното мониторинг тело дека тие мора да се одложат за најмалку три до четири месеци бидејќи е потребно повеќе време за реконституирање на изборните единици.
Според сегашниот Устав, изборите треба да се одржат во октомври или ноември.