Сеопфатна студија покажа дека утрото е време од денот кога луѓето најчесто се чувствуваат најдобро.

Истражувањето го потврди и она во што веруваат многу луѓе, а тоа е дека во летните месеци се чувствуваат посреќно и подобро отколку во зимскиот период.

Експертите ги анализираа податоците собрани од 49.218 возрасни лица како дел од социјалната студија на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) за Ковид-19, која ги следеше испитаниците од март 2020 до март 2022 година.

Резултатите покажаа дека луѓето генерално се будат „се чувствуваат исклучително добро“, но постепено се чувствуваат полошо до полноќ.

Научниците, исто така, открија дека „постои врска помеѓу доброто расположение и одреден ден во неделата, и тие имаат особено силни докази дека луѓето се чувствуваат подобро и психички и физички во текот на летото.

Резултатите од студијата ги објавија британските научници во стручното списание BMJ Mental Health, со заклучок дека „генерално гледано, работите изгледаат подобро наутро“.

Британските истражувачи веруваат дека студијата покажува дека промените во менталното здравје и благосостојбата во текот на денот може да се објаснат и со физиолошки промени поврзани со телесниот часовник.

„Кортизолот, или хормонот чија најважна задача е да обезбеди доволно енергија во моментите на интензивен стрес бидејќи го регулира расположението, мотивацијата и стравот, го достигнува својот врв веднаш по будењето и е најниско кога е време за спиење“, заклучуваат тие.

Луѓето се најсреќни во вторник

Научниците забележаа дека менталното здравје на повеќето испитаници беше предмет на промени во текот на викендот, нo работите станаа постабилни во текот на неделата.

За студијата, научниците ги следеа флуктуациите во менталното здравје на учесниците во студијата (на пример, симптоми на депресија и/или анксиозност), флуктуации во чувството на среќа, задоволство од животот, чувства дека животот вреди и флуктуации во чувството на осаменост.

Испитаниците одговараа на прашалници кои вклучуваа прашања како што се: „Колку сте задоволни од вашиот живот?“ и „Колку мислите дека вредат работите што ги правите во животот. Фактори како возраста, здравствената состојба и дали луѓето се вработени?“

Резултатите покажаа дека оценките за среќа, задоволство од животот и животна смисла биле повисоки во понеделник и петок отколку во недела. Во исто време, се покажа дека испитаниците одговориле дека се најсреќни во вторник.

Текстот Студија покажува дека постои ден во неделата кога луѓето се најсреќни е превземен од МАКФАКС.