Македонскиот првак Струга ТЛ го промовираше првото засилување за новата сезона. Тоа е косовскиот фудбалер Ментор Мазрекај кој доаѓа од албанскиот прволигаш Лачи.

Мазрекај потпиша едногодишен договор со стружани, а доаѓа на барање на тренерот Шпетим Дуро кој добро ги познава неговите квалитети.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од екипата на Струга Трим Лум, која испиша историја со шампионската титула. Овој трансфер дојде по инсистирањето на Шпетим Дуро. Односите кои ги имам со него се добро познати и навистина не можев да го одбијам. Се надевам дека брзо ќе се адаптирам и со моето искуство ќе и помогнам на екипата најпрво во европските натпреварувања, а потоа и во одбрана на шампионскиот трофеј во домашното првенство“, изјави Ментор Мазрекај

Прикажи повеќе