Болки во желудникот, дијареја и повраќање, се симптомите на кои најчесто се жалат граѓаните кои ги наполнија болниците и амбулантите. Ова се типичните симптоми за ротавирус, вели лекарот Седат Лумани, додавајќи додава дека во овој период не е вообичаено да се појави овој вирус. Но, вирусот не бира сезона вели тој. Симптомите траат до два дена, а причина за тоа може да биде внесување прехранбени производи со поминат рок на траење или прекумерно консумирање храна за време на празникот Бајрам, имајќи го предвид постот кој претходеше, објаснува Лумани.
-Беше и рамазанскиот пост, и пост-ковид симптомите кои можат да го нападнат и гастроинтестиналниот систем, но генерално мислам дека има злоупотреби со етикетите на храната, на прехранбените продукти кои ги земаме во разни продавници на кои им се менува рокот на траење. Инаку, во моментов имаше пораст на бројот на случаи со гастроинтестинални симптоми – повраќање, болки во стомак и дијареја, вели Лумани.
Лекарот Лумани ги повикува граѓаните да внимаваат на личната хигиена и чистотата на храната која ја консумираат, бидејќи, како што објаснува, само на тој начин можеме да се заштитиме од секаков вид вирус или бактериски болести.
-Хигиената секогаш треба да биде на ниво, особено хигиената на прехранбените производи, сега имаме зеленчук и овошје кои излегуваат. Прскани се со многу пестициди, инсектициди, микроорганизми кои за жал станаа отпорни на сите антисептички материи кои се и кои можеме да ги консумираме, а кои можат да предизвикаат било каква инфекција, рече Лумани.
Извор: ТВ21
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.