Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска со вторник ќе престојува на турнеја низ земјите од регионот на јужен Кавказ, во чии рамки ќе ги посети Азербејџан, Ерменија и Грузија.
Денеска Столтенберг ќе допатува во Баку каде ќе има средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Утре, првиот човек на НАТО ќе се сретне со министрите за надворешни работи и за одбрана на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и генерал-полковник Закир Хасанов, по што ќе отпатува за Тбилиси, се наведува во сооштението на НАТО.
Дополнително, во главниот град на Грузија, Столтенберг ќе има и средби со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили и со премиерот Иракли Кобахидзе.
Турнејата низ јужниот Кавказ, Столтенберг ќе ја заврши во вторник со престој во Ереван, каде ќе се сретне со претседатлот и премиерот на Ерменија, Вахаган Хачатурјан и со премиерот, г-дин Никол Пашинјан.
М. П.