На Украина итно и е потребна противвоздушна одбрана, вклучувајќи муниција, резервни делови и одржување на системите што веќе ги има украинската армија, изјави синоќа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој рече дека војната, сега веќе во својата втора година, е „војна за трошење“, но не и ќор-сокак, со оглед на она што Украина го доби за време на контраофанзивата што ја започна во јуни во обид да ја врати територијата што ја посочи, окупирана од руските сили.
„Ако сакаме крај на војната, ако сакаме праведен и траен мир, тогаш воената поддршка за Украина е вистинскиот начин“, рече Столтенберг во Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации.