Кина мора да престане да ја поддржува руската агресивна војна против Украина ако сака да ги подобри односите со Западот, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.
За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја поддржува руската воена економија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводници.
„Минатата година Русија увезе 90% од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности и сликање. Кина вели дека сака добри односи со Западот. Истовремено, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна, тие не може да се движат истовремено во двата правци“, рече Столтенберг.
Во исто време, тој го повика Западот да ја избегне зависноста од Кина, слично на она што се случи претходно со Руската Федерација.
„Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина. Во зависност од нејзините пари, нејзините суровини, нејзините технологии – зависностите не прават ранливи“, нагласи генералниот секретар на НАТО.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, боткако САД и нивните сојузници воведоа санкции на двете земји, но особено на Москва по инвазијата на Украина.
Кинеско-руската трговска размена достигна рекорд од 240,1 милијарди долари во 2023 година, што е за 26,3 отсто повеќе од претходната година, покажуваат податоците на кинеската царина. Кинеските испораки во Русија скокнаа за 46,9% во 2023 година, додека увозот од Русија се зголеми за 13%.
Кина, од друга страна, како што пренесува Укринформ повикувајќи се на изјавата на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ги отфрла обвинувањата за поддршка на руската инвазија на Украина, инсистирајќи на законитоста на трговијата со Русија и тврди дека владата на земјата обезбедува ефективна контрола врз извозот на воени и стоки за двојна употреба.
Драган Мишев