Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да предизвика да ескалира ситуацијата, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој во интервјуто посочи дека во време на војна, уште поважно е сојузниците да бидат обединети.

Advertisements

Столтенберг истакна дека НАТО е алијанса на 30 земји со различна географија, историја и политички парти и „не треба да нè изненадува фактот што понекогаш постојат силни несогласувања меѓу земјите, но, различните ставови и дискусии се суштински дел од демократиите“.

За улогата на Грција во НАТО, Столтенберг вели дека „придонесува за заедничката безбедност на многу различни начини“.

„Грчките војници играат важна улога во мисиите на НАТО, вклучително и во Косово и во Ирак. Покрај тоа, Грција има вреден придонес во нашите поморски мисии, вклучувајќи го и нашиот развој во Егејското Море, помагајќи да се намали нелегалната трговијата со луѓе во Европа. Во воздух, грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Грција исто така е пример и во однос на одбранбените трошоци, исполнувајќи ја целта од 2 отсто од БДП и инвестирајќи во значителни нови можности, вклучително и авиони од петта генерација,“ вели Столтенберг во интервјуто.

Прикажи повеќе